„Визер скопски маратон“ ќе се одржи на 2 октомври
Денеска е последен ден за пријавување за 18-та скопска трка „Визер скопски маратон 2022“, кој ќе се одржи на 2 октомври годинава.
„Визер скопски маратон“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Заинтересираните ќе можат да се пријавуваат на следниот линк.
Организаторите на манифестацијата информираат дека оваа година стартот и целта се враќаат на својата препознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието, додека целта ќе биде плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка – ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 км ќе започне во 08:10 часот.
„Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во ‘Веро Центар’ од 11 до 19 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација. Секој учесник на ‘Визер скопски маратон’ добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, ‘Визер’ кој можат да го користат до наредното издание на маратонот“,
посочуваат организаторите.
Повеќе информации можат да се најдат на официјалната страна на маратонот, како и на Фејсбук страната.
