„Не, не е шега“, пишуваат словенечките медиуми пренесувајќи ја веста за првиот снег што денеска паднал во Словенија. Информацијата ја објави Агенцијата за животна средина (АRSO) која објави и две фотографии – едната од Канин, другата од Кредарица каде падна првиот есенски снег.
Според временската прогноза, во Словенија денеска ќе биде облачно, врнежливо и студено. Снежната линија ќе се спушти на околу 1 600 метри надморска височина.
Се очекува интензитетот на врнежите да се намалува кон средината на денот почнувајќи од северните делови, а до вечерта ќе престане да врне.