Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани три починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови, а за починати се пријавени во период од 5 до 10 септември
Во последните 24 часа направени се 1 088 теста, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19, од кои 39 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 91, Куманово и Прилеп – по 11, Кавадарци – 9, Велес – 7, Охрид и Берово – по 4, Битола, Тетово и Струмица – по 3, Гостивар, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија , Кратово и Крушево – по 2, Ресен, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 1
Регистрирани сe 384 оздравени пациенти од: Скопје – 127, Битола – 51, Прилеп – 30, Тетово – 24, Делчево – 18, Штип и Кичево – по 13, Кавадарци и Ресен – по 11, Радовиш и Крива Паланка – по 10, Велес, Охрид и Кочани – по 9, Крушево – 7, Куманово и Гостивар – по 5, Струга, Гевгелија, Неготино, Берово и Македонски Брод – по 3, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани три починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови, а за починати се пријавени во период од 5 до 10 септември.
Досега во земјата се направени вкупно 2 159 252 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 748, бројот на оздравени пациенти е 331 595, на починати е 9 515, а бројот на активни случаи изнесува 638.
