Изминатите денови, поради зголемената фреквенција на возила на овој граничен премин и за влез и за излез од државата, се чекаше околу еден час
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто-мото сојузот.
Изминатите денови поради зголемената фреквенција на возила на овој граничен премин и за влез и за излез од државата се чекаше околу еден час.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Оттаму со препорака за приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
