Во интервју за Радио Слободна Европа, директорот за комуникации на Сојузничката команда за операции на НАТО, Џеј Џенсен вели дека иако Кина и Русија се едни од главните актери кога станува збор за влијанието во информацискиот простор на Балканот, постојат и други регионални влади кои континуирано се обидуваат да воспостават поголемо влијание на полуостровот.
Џенсен вели дека Русија иако е прилично активна, сепак таа не е главно фокусирана на Балканот. Вели, Русија знае дека на овие простори има тензии тензии меѓу одредени групи и се обидуваат да ги влошат тие тензии, да ги манипулираат, да прават работи кои ќе предизвикаат лутина кај едната или другата група и се надеваат дека тоа ќе води до поделби, протести, борби.
„Тоа е нивната цел, но тие не се единствениот актер тука. Очигледно е дека Кина е активна тука, на друг начин, на долгорочен план таа се обидува да воспостават економска моќ тука, се обидуваат преку поткуп или други бенефиции кај официјални претставници да ги остварат своите цели во регионот, и секако тука се и некои влади од регионот кои бараат влијание во регионот. Значи сите тие работат заедно и креираат комплексно опкружување кое треба да го разбереме и да бидеме способни да делуваме активно“,
вели Џенсен.
Тој вели дека најефективниот начин за НАТО или националните влади да се справат со оваа ситуација е да се заработи довербата кај луѓето, и да имаат силена наратив за тоа што всушност застапуваат, бидејќи како што вели, луѓето треба да ви веруваат и поддржуваат.