Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд, додаваат од УХМР.
Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат. Во понеделник ќе биде ветровито со засилен северозападен ветер и ќе започне период на постабилно време.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 23 до 32 степена.

