Во соопштението на Седмата флота се вели дека крузерите „Antietam“ и „Chancellorsville“ вршат рутински транзит и дека поминале преку коридор надвор од територијалните води на земјите со брег во теснецот
Седмата флота на морнарицата на САД испрати два воени брода во Тајванскиот теснец, првпат по засилените тензии со Кина поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван на почетокот на август.
Во соопштението на Седмата флота се вели дека крузерите „Antietam“ и „Chancellorsville“ вршат рутински транзит и дека поминале преку коридор надвор од територијалните води на земјите со брег во теснецот.
Во последните години, американските воени бродови, а повремено и сојузничките земји како Велика Британија и Канада, рутински пловеа низ теснецот.
Посетата на претседателелката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајван на почетокот на август ги зголеми тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон, по што Кина започна воени вежби во близина на островот.
Патувањето на Пелоси го налути Пекинг, бидејќи го сметаше за обид на САД да се меша во внатрешните работи на Кина.
Кина го смета Тајван за своја територија и се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските власти со други земји.