Раководството на турнирот пред неколку дена издаде соопштение во кое се зборува за протоколите за ковид, кои се уште се во сила во Њујорк
Српскиот тенисер не е вакциниран и според правилата, кои пред неколку дена ги објавија организторите, не смее да влезе во Соединетите Американски Држави
Поради големиот број критики дека не презеле ништо за да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да игра на последниот Грен слем сезонава, организаторите на Ју Ес Опен објавија дека не можеле да преземат ништо.
Српскиот тенисер не е вакциниран и според правилата, кои пред неколку дена ги објавија организторите, не смее да влезе во Соединетите Американски Држави.
Сепак, постои можност за исклучок, а според мислењето на многумина организаторите на натпреварот во Њујорк тоа требало да го побараат за сопственикот на 21 Грен слем титула.
Сепак во својата изјава од Ју Ес Опен потенцираат дека немале шанса да му помогнат на Ѓоковиќ. Но критичарите посочуваат дека Ѓоковиќ играше во Њујорк во 2020 и 2021 година во екот на епидемијата.
„Бевме во контакт и со Стејт департментот, граничните и царинските служби. Правилата се сменети и за разлика од 2020 и 2021 година, никој од надвор не може да бара изземање. Владата не ги разгледува ваквите барања. Тие се воспоставени во октомври 2021 година и не можевме да направиме апсолутно ништо“,
се вели во соопштението на Ју Ес Опен.
Раководството на турнирот пред неколку дена издаде соопштение во кое се зборува за протоколите за ковид, кои се уште се во сила во Њујорк.

„Во овој момент, од сите сопственици на билети нема да се бара да покажат доказ за вакцинација за да влезат на Ју Ес Опен. Меѓутоа, ако патувате од странство за да присуствувате на Ју Ес Опен, мора да бидете вакцинирани со прифатлива серија вакцини против ковид за да патувате за САД (ова се однесува на оние кои не се државјани на САД или имигранти)“,
се вели во соопштението.