УХМР имформира дека до сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време, при што во претпладневните часови ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи, а од сабота дневните температури постепено ќе се зголемат
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
УХМР имформира дека до сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време, при што во претпладневните часови ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер иврем појава на град.
Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните деловим, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се зголеми.
