Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани пет починати лица. Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови, во период од 6 до 23 август 2022 година
Во текот на изминатото деноноќие направени се 972 теста, а регистрирани се 313 нови случаи на ковид-19, од кои 79 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија – 10, Охрид и Крива Паланка – по 7, Велес , Штип и Кочани – по 6, Струмица – 5, Струга и Делчево – по 4, Гостивар – 3, Кичево, Неготино, Ресен, Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 2, Тетово, Радовиш, Берово , Виница, Крушево и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 364 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Битола – 25, Прилеп , Охрид и Струмица – по 17, Куманово – 15, Кавадарци и Кичево – по 13, Гевгелија – 11, Велес и Кочани – по 9 ,Струга – 8, Тетово – 7, Штип – 6, Гостивар, Ресен и Виница – по 5, Неготино и Берово – по 4, Свети Николе – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Кратово – по 2, Богданци, Крушево и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (85г и 83г), починати во болнички услови. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани пет починати лица од Битола (84г), Валандово (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови, во период од 6 до 23 август 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 146 647 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339 240, бројот на оздравени пациенти е 327 354, на починати е 9 468, а бројот на активни случаи изнесува 2 418.
