Српските медиуми објавуваат дека убиецот е српски државјанин додека убиениот е црногорски државјанин, а убиството се случило пред ноќен клуб во популарното место Зрќе
Утрово околу шест часот хрватската полиција добила дојава дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на островот Паг.
Како што објавија хрватските медиуми, станува збор за една од плажите покрај популарното место Зрќе.
На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан. Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница.
Српските медиуми објавуваат дека убиецот е српски државјанин додека убиениот е црногорски државјанин, а убиството се случило пред ноќен клуб.
На местото на инцидентот се води истрага за да се утврдат сите факти и околности на настанот.
Началникот на Општина Колан, Шиме Глигора, изјавил дека е запознат со инцидентот, но дека во моментов нема повеќе информации.
„Запознаен сум со настанот, но засега не можам да ги коментирам околностите. Кога ќе дознам повеќе за тоа, ќе ја известам јавноста“,
изјави Глигора.