Засега нема извештаи за повредени, а најдраматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде што улиците се целосно поплавени
Краткoтрајно, но интензивно невреме зафати делови од Грција, кое предизвика поплави на главните улици во Атина и Солун, а во северна Грција беа откорнати дрвја.
Засега нема извештаи за повредени. Драматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде што улиците се целосно поплавени.
На видео објавено на фејсбук-страницата на Forecast Weather Greece може да се види и бурата на Миконос.
Грмежи и град се забележани во Солун. И покрај краткото невреме, патиштата во источен Солун се поплавени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од коловозите. Слична била ситуацијата и на полуостровот Халкидики, пренесува Greekreporter.
Во Атина поплавите ги затворија улиците во Пиреја во обете насоки, кои по кратко време повторно беа отворени. Проблеми со поплави беа пријавени на крајбрежната авенија „Посидонос“ и авенијата „Вујлагменис“.
Невремето го зафати и Санторини, каде што автомобилите останаа заробени во калта на улиците.
Во селото Птолемаиди во северна Грција и другите околни села, жителите пријавиле поплави во подрумите. Пожарникарите мораа да интервенираат во Епир и во западна Грција.
Според метеоролозите, лошото време кое ќе трае до петок, 26 август.
Туристите што моментално престојуваат во Грција на социјалните мрежи објавија дека операторите им праќале пораки на мобилните телефони за да ги предупредат дека ќе има невреме.