Територијата на општина Кавадарци во попладневните часови била зафатена со силен дожд од околу 40 литри на метар квадратен, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), додавајќи дека досега биле поплавени три објекти.
„До овој момент пријавени се три поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе“,
додаваат од ЦУК.
Од Територијалната противпожарна единица пак, во изјава за МИА, истакнале дека повеќе пожарникари вечерва испумпуваат вода од неколку критични места во градот, како резултат на поројните дождови.
Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови.
