Експертите објаснуваат дека се работи за „баг“, а британски „Метро“ пишува дека се чини дека тоа не влијаело на апликацијата за паметни телефони
Корисниците на Фејсбук утрово на своите профили добиле голем број пораки од непознати лица упатени до познати личности, а овој проблем не е само кај неколкумина туку кај поголем дел од корисниците на оваа социјална мрежа во целиот свет.
Илјадници корисници на Фејсбук се пожалиле дека наместо активности на нивните пријатели, гледаат (спам) пораки или коментари оставени од непознати луѓе на страниците на познатите личности.
Експертите објаснуваат дека се работи за „баг“, пренесува PiunikaWeb.
Проблемот со Фејсбук е забележан и на платформи како што е „Down Detector“ чиј графикон покажува дека извештаите за „багови“ се зголемуваат.
User reports indicate Facebook is having problems since 2:00 AM EDT. https://t.co/8wgYQLL5s2 RT if you’re also having problems #Facebookdown
— Downdetector (@downdetector) August 24, 2022
Компанијата сè уште официјално не се огласи за проблемот.
Британски „Метро“ пишува дека „багот“ се чини не влијаел на апликацијата за паметни телефони. И корисниците на ИОС и Андроид известуваат дека Фејсбук работи нормално за нив.