И подрачјето на општина Прилеп исто така вчера во попладневните часови околу 18.30 ч. беше зафатено од силно невреме со врнежи од град во големина на лешник кое траеше околу 20 минути
Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти.
На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари и во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, се наведува во иформацијата што ЦУК ја објави на Фејсбук.
Претходно, од ЦУК информираа и дека до утрово, има штети и од влерашното невреме и тоа на подрачјето на општина Крива Паланка, каде поради обилни и силни врнежи на дожд, дојде до излевање на селската реката во с.Конопница. За санирање на коритото на терен биле ЈП Комуналец со машини, механизација и месно население. Активностите на екипата се завршени во 21:40 часот.
И подрачјето на општина Прилеп исто така вчера во попладневните часови околу 18.30 ч. беше зафатено од силно невреме со врнежи од град во големина на лешник кое траеше околу 20 минути.
