Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции, а бројот на активни случаи изнесува 3 025 лица
Во последните три дена (од 19.08 до 21.08.2022), од направени 1 804 тестови, регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово – 21, Гевгелија – 18, Гостивар и Кочани – по 16, Струга – 13, Тетово – 12, Штип – 11, Радовиш – 10, Велес, Кичево и Крива Паланка – по 9, Делчево – 6, Виница и Пехчево – по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово – по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар – по 3, Демир Капија – 2, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции.
Регистрирани сe 1 014 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите три дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338 120, бројот на оздравени пациенти е 325 645, на починати е 9 450, а бројот на активни случаи изнесува 3 025 лица.
