Маж вчеравечер бил повреден при пукање пред угостителски објект на улицата „Миле Поп Јорданов“ во скопската населба Козле, брифираат од МВР за МИА.
Според овие информации, повреденото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.
„Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителски објект помеѓу Б.Ѓ (44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лице, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ“,
информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
