Јужна Кореја и САД денеска почнаа заедничка воена вежба, најголема од 2017 година, која би требало да трае до 1 септември, пишува Ројтерс.
Јужна Кореја истовремено започна со четиридневни вежби за цивилна одбрана, првпат по избивањето на пандемијата на ковид-19.
„Одржувањето на мирот на Корејскиот Полуостров се базира на нашата непробојна безбедност“,
изјави јужнокорејскиот претседател Јук Сук Јеол, кој на функцијата стапи во мај.
Јужна Кореја, САД и Јапонија, неодамна во близина на Хаваите учествуваа на одбранбени вежби од балистички проектили, први од таков вид уште од 2017 година.