Во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 кои го оствариле правото на глас, додека во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови
Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше.
Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 кои го оствариле правото на глас. Има 55 неважечки ливчиња, а излезноста е 47,46 проценти.

Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови. Излезноста e 54,24 проценти, а има 195 неважечки ливчиња.

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК), шест партии влегуваат во новиот општински совет на Тетово. Најмногу гласови освои Беса – 9 620, потоа ДУИ 8 702, ВМРО-ДПМНЕ 3 332, СДСМ 1 953, Алтернатива 1 118 ДПА 1 058, и тие ќе имаат советници: Беса 12, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден.
Излесноста во Тетово е 33,04 отсто.