Според украинското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега се убиени повеќе од 44 000 руски војници и уништиле се повеќе од 1 800 тенкови
Центарот на Киев денеска беше претворен во голем музеј на отворено, каде беа изложени уништените и изгорени руски тенкови во војната во Украина.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како граѓаните на Киев шетаат низ главниот град и ги разгледуваат уништените руски тенкови поставени среде улиците.
Повеќето од уништените возила беа поставени пред познатиот Михаилов манастир како потсетник на агресијата на Русија. Подоцна, со кранови и камиони тие беа префрлени на другите улици, како подготовка за Денот на независноста на Украина 24 август.
In February, russians were planning a parade in downtown Kyiv.
— Defense of Ukraine (@DefenceU) August 20, 2022
6 months into the large-scale war the shameful display of rusty russian metal is a reminder to all dictators how their plans may be ruined by a free and courageous nation.#FreedomIsOurReligion
? @zaklyashtor pic.twitter.com/H1fbw2UaSS
Оваа „парада“ на уништени руски тенкови многу западни медиуми ја оценија како исмевање со руската војска.
Според украинското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега се убиени повеќе од 44 000 руски војници и уништени се повеќе од 1 800 тенкови.
Ukraine continues trolling Moscow.
— Emma Graham-Harrison (@_EmmaGH) August 20, 2022
Putin reportedly expected a rapid victory parade through Kyiv. Ukraine’s military said some Russian soldiers deployed with formal uniforms to prepare.
Today Russian military vehicles finally lined up down main street of Ukraine’s capital… https://t.co/UgvXUQUlIg
Британските власти во секојдневните анализи констатираат дека оваа војна покажала голем број неуспеси од руските команданти да ја одржат борбената дисциплина, додавајќи дека ефектот од овие неуспеси веројатно ќе биде значаен фактор за слабите перформанси на руските сили.
На почетокот на војната, Москва најавуваше дека ќе го освои Киев за неколку дена. Бидејќи руските сили наидоа на неочекуван отпор од Украинците, нивните планови беа нарушени.
На крајот, руските трупи се повлекоа од околината на Киев, оставајќи зад себе голем број тенкови и друга воена опрема.
Како изгледаше денешната парада во Киев од фотогалеријата на агенцијата ЕПА.






