Откако вчера добавувач по грешка истурил киселина наместо хлор во базен во бањата „Тухељски Топлице“ на северот на Хрватска во близина на границата со Словенија, при што беа повредени најмалку 16 лица кои вдишале испарена хемикалија, директорот на бањата, Васја Чретник за Н1 потврдил дека од утринава бањата е отворена откако надлежните потврдиле дека истата е безбедна за користење
Според него, хемиската реакција која е виновна за повредите на 16 лица се случила откако доставувач по грешка ставил киселина во погрешниот резервоар, но за среќа брзата реакција на вработените спречила поголем инцидент.
„Им препуштивме на надлежните да проверат што точно се случило. Припремата на водата се прави често и тоа е автоматски, но ова беше само достава на хемикалија во резервоар од кој се прави припремата на водата. При таа достава се случила грешката“,
вели директорот, Чретник.
Тој вели дека секој месец во бањата се спроведуваат евакуациски вежби, а благодарение на нив сауните биле испразнети за две минути додека пак базените за пет со што се спречил поголем инцидент во бањата.
„Јас мислам дека Тухелски Топлице се сигурно место за одмор, што и доцна синоќа беше потврдено од надлежните кои кажаа дека и базените и сауните се безбедни за употреба“,
вели Чретник.
Тој вели дека веднаш по потврдата ја отвориле бањата, а сауната останала затворена за превенција, но сепак се очекува да проработи уште во текот на утрешниот ден.