Во моментов се смета дека инцидентот е поврзан со криминал, но претставува непосредна опасност за јавноста, соопшти полицијата
Две лица се повредени во оружен напад во Шведска што се случил во трговски центар во градот Малме, а еден осомничен е уапсен, соопшти шведската полиција, пренесува Ројтерс.
„Во моментов се смета дека инцидентот е поврзан со криминал“,
соопшти полицијата, нагласувајќи дека инцидентот е оценет како „непосредна опасност за јавноста“.



Полицијата е на самото место и разговара со сведоци и ги прегледува снимките од надзорните камери.