Кинеската јужна провинција Хаинан регистрира повеќе од 10 000 случаи на ковид-19 од почетокот на август, а властите веруваат дека појавата е веројатно поврзана со рибарската заедница
Во последните недели, Одборот за контрола на поморската пандемија на округот издаде известување во кое се наведува дека кога рибарите ќе се вратат во нивните пристаништа, „мора да се тестираат и рибарите и нивниот улов на морска храна
На повеќе од пет милиони луѓе им беше наредено да се тестираат за ковид-19 оваа недела во крајбрежниот кинески град Ксијамен, откако беа откриени околу 40 случаи на коронавирус. Но, тие не се единствените кои мора да се тестираат – во официјалното известување се наведува дека се очекува и некои морски животни да се приклучат на најновото масовно тестирање.
Во последните недели, Одборот за контрола на поморската пандемија на округот издаде известување во кое се наведува дека кога рибарите ќе се вратат во нивните пристаништа, „мора да се тестираат и рибарите и нивниот улов на морска храна“.
Резултатот, меѓу другото, се видеа на кои се прикажани медицински работници како подложуваат живи риби и ракови на ПЦР тестови за ковид-19, јавува Би-би-си.
Иако ова може да изгледа необично, не е првпат жива риба да биде тестирана за Ковид-19, пренесува Јутарњи лист.
„Научивме лекции од Хаинан, каде што има докази за сериозна епидемија. Се вели дека тоа може да биде поттикнато од трансакциите на морска храна меѓу локалните рибари и нивните колеги од странство“,
изјави вработен во Општинската канцеларија за развој на океаните во Кина за „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Кинеската јужна провинција Хаинан регистрира повеќе од 10 000 случаи на ковид-19 од почетокот на август, а властите веруваат дека појавата е веројатно поврзана со рибарската заедница.
Кинеските медиуми долго време изразуваат загриженост дека можна е поврзаност на морскиот живот со коронавирусот. Првата епидемија на ковид-19 конеските власти ја поврзуваа со пазар на живи животни и морска храна во кинескиот град Вухан.