Во Србија регистран е вкупно 31 случај на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години.
Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ. Тројца од нив се хоспитализирани, додека останатите се на домашно лекување.
Во земјава пак се уште не е регистриран случај на мајмунски сипаници и покрај тоа што имаше два суспектни случаи – Маж од Кичево и мигрант кој беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија, но и двајцата беа негативни на тестовите.
