Откако минатата недела беше извршен претрес на домот на Трамп во Флорида, од Федералното биро за истраги и Министерството за внатрешна безбедност на САД предупредија дека безбедносните агенции се соочуваат со зголемени закани.
Додека траеше претресот во неговата резиденција и голф клуб Мар-а-лаго, Трамп, на својата платформа напиша дека неговиот дом е под опсада, рација и окупирана од голема група на федерални агенти.
Политичките сојузници и конзервативните медиуми ја искритикуваа постапката на ФБИ, користејќи ги тврдењата на Трамп дека целата работа е политички мотивирана.
„Никогаш вакво нешто не му се случило на претседател на САД. Незаконието, политичкиот прогон и ловот на вештерки мора да бидат разоткриени и прекинати”,
напиша тогаш Трамп.
Генералниот обвинител Мерик Гарланд, кој лично го одобри претресот, и директорот на ФБИ, Кристофер Реј, ги отфрлија ваквите обвинувања.
Во неговиот единствен коментар по повод претресот, Гарланд завчера изјави дека нападите се „неосновани“ и дека „луѓето кои работа во ФБИ и Министерството за правда се посветени, патриотски јавни службеници“.
Реј пак, истакна дека заканите против безбедносните служби „треба длабоко да ги загрижат сите Американци“, поради тоа што го „поткопуваат почитувањето на владеењето на правото и вршат против услуга на храбрите припадници на службите кои прават голема жртва во заштитата на другите“.
Зе време на викендов мала група на воружени поддржувачи на Трамп протестираа пред канцелариите на ФБИ во Феникс, Аризона,а протестот беше мирен без инциденти.
Инаку, Министерството за правда на САД го истражува Трамп за можни прекршувања на Законот за шпионажа и други прекршоци, откако ФБИ откри доверливи документи во домот на Трамп во Флорида. Тој ги отфрли овие обвиненија и посочи дека станува збор за претерана реакција, токму во момент кога тој најави претседателска кандидатура во 2024 година. Истоврмено, во тек се и серија јавни расправи за неговата улога во настаните што доведоа до нападот на Капитол по изборите минатата година.