Во последните 24 часа во Шпанија со новиот коронавирус се заразиле 782 лице, а 31 починаа. Досега во таа земја се потврдени 3059 заразени, а вкупно од последиците на Ковид-19 починаа 86 луѓе.
Половина од заболените се во главниот град, Мадрид. Од вчера се затворени градинките, училиштата и факултетите во Мадрид и околината, а музеите, базените, театрите, библиотеките и другите културни и спортски центри се затворени од денеска.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, почнувајќи од денеска, сите свои состаноци ќе ги одржува преку видео конференциска врска, откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, се наведува во соопштението на Владата.

Според податоците на веб-страницата „Ворлд о метер“, Шпанија се искачи на високото четврто место по бројот на смртност од корoнавирусот. На првото место е сè уште Кина со 3.169 починати лица. Втора во светот по жртви е Италија со 1.016 починати лица, а трет е Иран со 429 починати.
Во Кина последниве неколку дена се намалува бројот на новозаразени, а значително се намалува и бројот на смртни случаи.