Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег и за продажба на електрични греалки
Граѓаните на Швајцарија треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за „Ное Цурихер Цајтунг“ (НЗЗ), пренесува нова.рс.
Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за евентуални проблеми со струјата, па на граѓаните им се навестува дека во зима треба да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата.
„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“,
вели првиот човек на енергетскиот регулатор.
Тој посочува дека политиката на предупредување на Елком не се сфаќала сериозно во изминатите години.
Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.
Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег и за продажба на електрични греалки.