Со почетокот на новата фудбалска кампања во Премиер лигата почнува новата ера на Арена спорт каналите. Арената спорт каналите, кои што се дел од понудата на сателитската телевизија MSatTv, од годинава ексклузивно ќе ги пренесуваат сите натпревари од веројатно најпрестижното национално фудбалско првенство.
Честа да ја отворат новата натпреварувачка сезона во Премиер лига им припадна на тимовите на Кристал Палас и Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на вечерва на стадионот на домаќините Селхрст Парк во Лондон.

Но, покрај ексклузивните преноси од Премиер лига, гледачите како и досега само на Арена добиваат можност да уживаат во врвните фудбалски збиднувања и во француската Лига 1, шпанската Ла Лига која стартува на 12 август, италијанската Серија А, но и натпреварите од Македонската лига во фудбал. Арена ќе ги пренесува и натпреварите од престижната Лига на шампиони, како и Лига на Европа и Лигата на нации и од претстојното Светско првенство во Катар.
За љубителите на одличните кошаркарски натпревари Арена ги пренесува натпреварите од американската НБА и АБА Лигата, а вљубениците во ракометната игра имаат можност да уживаат во ЕХФ Лигата на шампиони.
Msat TV е достапна секаде низ Македонија со понуда од три различни пакети на телевизиска содржина од кои што може да избирате согласно вашите желби. СитеАренаСпортканалисевклучениво секој од пакетите наmSAT TV, а новите претплатници дополнително добиваат и 50 отсто попуст на претплатата за првите 12 месеци.
Подгответесезанајвозбудливите спортски доживувања и нарачајтеmSAT TV преку веб страната www.mtel.mk, на телефонскиот број 15 010 или во салоните на продажната мрежа на Мтел Македонија и уживајте во натпреварите од Премиер лигата и останатите спортски возбудувања преку Арена каналите.