Во изминатите 24 часа изгаснати се седум пожари: на автопатот Скопје-Тетово помеѓу с.Старо Коњарево и с.Ново Коњарево, струмичко, во месноста Венуле во близина на с. Црквино, велешко, на депонијата над с.Долно Чичево-општина Градско, кај село Црвивци на патот Кичево-Осломеј, на влезот на Тетово од десната страна и кај: с.Ваксинце, с.Баново Трло (Репетитор), с.Отла кон с. Матејче и на ул. Доне Божинов во Куманово
Пожар избувна денеска околу пладне во атарот на делчевското село Разловци, во близина на истата локација каде пред околу две недели делчевските пожарникари гасеа друг пожар.
Информацијата за денешниот пожар ја потврди и пожарникарот Миле Тодоровски, кој информираше дека екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево е на терен и работи на гаснење на пожарот.
Апелираше на почитување на забраната за движење во шума и препорача во никој случај да не се пали оган на отворен простор.
Во пожарот кој пред две недели ја зафати месноста Енѓовски колиби помеѓу селата Тработивиште и Раловци изгореа околу 50 хектари дабова и борова шума.
Од Центарот за управување со кризи, пред два часа на нивната фејсбук-страница информираа за три активни пожари коишто се официјално пријавени и се во тек на гаснење и за коишто ЦУК координира заедно со субјектите од системот за управување со кризи за да се изгаснат:
-Депонија Неготино-пожарот е локализиран, но тлее одоздола и останати се дежурни екипи на терен за превенција;
-Депонија с.Пласница- Македонски брод пожарот е локализиран, тлее одоздола, останати се дежурни екипи на терен за превенција;
-БППЗ на Град Скопје -со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева во с. Бојане о. Сарај.
Во изминатите 24 часа изгаснати се седум пожари: на автопатот Скопје-Тетово помеѓу с.Старо Коњарево и с.Ново Коњарево, струмичко, во месноста Венуле во близина на с. Црквино, велешко, на депонијата над с.Долно Чичево-општина Градско, кај село Црвивци на патот Кичево-Осломеј, на влезот на Тетово од десната страна и кај: с.Ваксинце, с.Баново Трло (Репетитор), с.Отла кон с. Матејче и на ул. Доне Божинов во Куманово.