Минатата недела изби скандал, откако на социјалните мрежи се прошири снимка од надзорна камера од рецепција на хотел во Мурманск, каде што Елизабет Елинсен беше конзулка и на која се слуша како таа вели: „Ги мразам Русите. Дај ми друга соба, нема да мрдам од овде. И како да одлучите дека просторијата е чиста. Знаете, јас сум навикната на чисти соби, доаѓам од Скандинавија…“
Русија денеска побара дипломатката од Норвешка Елизабет Елинсен да ја напушти земјата поради давање „русофобни изјави“, по испадот кога во расправија рече дека мрази Руси на рецепција во хотел.
„Потенцираме дека присуството на Елингсен на територијата на Русија е невозможно по она што се случи“,
се вели во соопштението на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Норвешката амбасадорка Руне Ресаланд беше поканета во Министерството за надворешни работи во Москва, каде што доби „силен протест поради неприфатливото однесување на Елингсен во хотел во Мурманск на 6 јули, кога таа си дозволи русофобични и навредливи изјави“, се вели во соопштението.
Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди дека нивната амбасадорка во Москва е повикан на разговор и дека на Елингсен му е укината визата.
„За време на средбата, норвешката амбасадорка го повтори извинувањето на Осло и рече дека зборовите што ги употребила конзулката не ја одразуваат норвешката политика и норвешките ставови кон Русија и Русите“,
рече портпаролката на норвешкото Министерство.
Таа рече дека норвешката конзулка во моментов не е во Русија, без да соопшти други детали.
Минатата недела изби скандал, откако на социјалните мрежи се прошири снимка од надзорна камера од рецепција на хотел во Мурманск, каде што Елизабет Елинсен беше конзулка.
На снимката се слуша како таа на рецепцијата вели: „Ги мразам Русите. Дај ми друга соба, нема да мрдам од овде. И како да одлучите дека просторијата е чиста. Знаете, јас сум навикната на чисти соби, доаѓам од Скандинавија…“.
Според властите во Осло, норвешкиот генерален конзулат во Мурманск е привремено затворен од 1 јули поради „тешката“ ситуација во билатералните односи.
Русија и Западот минуваат низ период на тензии поради руската офанзива во Украина, поради која Европејците и Американците воведоа низа санкции кон Москва.