Оставката на премиерот доаѓа во време на проширување на криминалните истраги насочени кон перуанскиот претседател, Педро Кастиљо, а Торес се смета за еден од неговите најлојални сојузници
Перуанскиот премиер Анибал Торес денеска, неочекувано, поднесе оставка од функцијата.
Во објавата на Твитер тој посочи дека оставката е од „лични причини“.
A la comunidad informo: pic.twitter.com/M9CEcJFfHp
— Aníbal Torres V. (@anibaltorresv) August 3, 2022
Оставката на премиерот доаѓа во време на проширување на криминалните истраги насочени кон перуанскиот претседател, Педро Кастиљо, а Торес се смета за еден од неговите најлојални сојузници.
Против Кастиљо се водат пет кривични истраги, од кои две истражуваат дали е член на криминална организација. Претседателите на Перу може да бидат под истрага додека се на функција, но не можат да бидат обвинети.