Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини како мерка за заштита од коронавирусот, јави МИА од Белград повикувајќи се на информациите објавени на веб-страницата на тамошното Министерство за внатрешни работи
Кон нашата земја затворени се граничните премини „Прохор Пчињски и Голеш – Голема Црцорија.
Граничните премини кои се затворени кон Бугарија се – Мокрање, Стрезимировци и Рибари.
Кон Унгарија и Романија, за патнички сообраќај затворени се премините Растина, Бајмок, Бачки Виногради, Хоргош 2, Кањижа (речниот), Чала, Рабе, Врбица, Кикинда, Наково, Јаша Томиќ, Калуѓерово, Голубац, Долни Милановац, Текија, Кладово и Ѓердап 2.
Кон Црна Гора затворени се премините – Годово, Врбница и Јабука, кон БиХ – Прибој, Царево Поле, Мокра Гора, Сремска Рача, Перучац, Мали Зворник – стариот мост и Јамен.
Кон Хрватска затворени се премините: Сот, Љуба, Нештин, Богоево, Апатин, Бездан, Нови Сад (речниот) Беркасово и Вајска.
Внатрешни гранични премини кои се привремено затворени се во Белград – речниот граничен премин и воздушниот премин на аеродромот „Морава“ (Краљево) и Вршац.