Делегација на партијата предводена од потпретседателот Александар Николоски положи свежо цвеќе на почивалиштето на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, во „Македониумот“ на Гумење во Крушево
По повод Денот на Републиката – Илинден, делегации на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска положија цвеќе на гробот на Никола Карев во Крушево и на неколку локации во Скопје.
Делегација на партијата предводена од потпретседателот Александар Николоски, а во состав на членот на Извршниот комитет и пратеник Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска положи свежо цвеќе на почивалиштето на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, во „Македониумот“ на Гумење во Крушево.
Делегација на партијата, пак, предводена од потпретседателот Владо Мисајловски, а во состав на пратениците Тони Јаревски и Бети Стаменковска-Трајковска положија свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ и Македонија, Методија Андонов Ченто.
Цвеќе положија и пред споменикот на Никола Карев и споменикот Жена борец во Скопје, како дел од чествувањето на државниот празник Илинден.