Телото на 71-годишниот М.М. е извлечено вчера во 13:15 часот кај туристичката населба Претор, а по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција
Од водите на Преспанското Езеро е извлечено телото на 71-годишниот рибар од Скопје, за кој во саботата беше пријавено дека скокнал во езерото по веслата кои му паднале и потоа не излегол од водата.

Телото на скопјанецот М.М. е извлечено вчера во 13:15 часот кај туристичката населба Претор од страна на специјализирана нуркачка екипа од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција во Клиничка болница Битола.
