Станува збор за првиот брод со кој ќе се извезе жито во рамки на договорот за укинување на блокадата за извоз на жито од почетокот на руската инвазија за Украина и целта е да се олесни глобалната прехранбена криза, која доведе до зголемени цени на храната
Постои голема веројатност првиот брод со украинско жито да го напушти украинското пристаниште Одеса утре наутро, најавија од прес-службата на турското претседателството откако договор за извор беше постигнат и потпишан на 22 јули во Турција.
„Постои голема веројатност првиот брод да може да тргне утре изутрина доколку до вечерва се е регулирано“,
изјави портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, во интервју за приватната телевизија „Канал седум“.
Според неговата изјава, останува да се решат уште едно или две прашања во преговорите со Русите.
„Подготовките се дојдени до точка што би овозможила движење на бродовите од пристаништето Одеса. Бродовите се натоварени и подготвени за заминување, но потребна е добра логистичка координација“,
додаде тој.
Заедничкиот координативен центар (ЦКК) задолжен за контрола на извозот на украинското жито во Црното Море беше официјално отворен во средата во Истанбул во согласност со договорот кој беше потпишан со посредство на Турција и Обединетите нации.
Станува збор за првиот голем договор за укинување на блокадата за извоз на жито од почетокот на руската инвазија за Украина и целта е да се олесни глобалната прехранбена криза, која доведе до зголемени цени на храната.