Земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтер
Во Скопје утрово е почувствуван земјотрес чиј епицентар бил на 26 километри североисточно од главниот град односно во соседна Република Косово.
Земјотрес се случил во 8:28 часот и како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.