На останатите гранични премини, од македонска страна, како што информира АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
„На ГП ‘Табановце’ времето на чекање за влез во државата е околу 60-90 минути, а на ГП ‘Богородица’ за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“,
информираат од АМСМ.
Како што додаваат оттаму, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.