Европската Унија денеска ќе ја анализира одлуката на САД за забрана за патување од повеќе европски земји поради коронавирусот, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во неговата првична реакција на Твитер, тој вели дека мора да се избегне нарушувањето на економијата.

Реакцијата на Мишел, кој ја координира акцијата на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, е на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе забрана за влез на државјани од 26 европски земји во следните 30 дена со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.