Пријавени се пет смртни случаи, од кои едно лице починало изминатото деноноќие. Останатите четворица ја загубиле битната со ковид во периодот од 29 јуни до 25 јули
Во моментов активни се 5 026 случаи од кои најмногу се во Скопје – 2 231

Во последните 24 часа направени се 1 866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство. Ова значи дека 47,4 отсто од тестираните изминатото деноноќие се позитивни на коронавирусот.
Новите случаи се во: Скопје – 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга – 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1.
Од вкупниот број на позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции.
Регистрирани се 745 оздравени пациенти од: Скопје – 324, Куманово – 75, Битола – 65, Кавадарци – 34, Велес – 30, Прилеп – 28, Охрид – 27, Тетово – 20, Штип – 18, Кичево – 16, Струмица – 14, Струга – 13, Гевгелија – 11, Неготино и Ресен – по 10, Радовиш – 8, Гостивар и Кочани – по 7, Крива Паланка – 5, Македонски Брод и Свети Николе – по 4, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Крушево, Берово, Демир Хисар и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се уште 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година.
Активни се над 5 000 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326 154, бројот на оздравени пациенти е 311 760, на починати е 9 368, а бројот на активни случаи изнесува 5 026.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 154 185, Активни 2 231
- Куманово 17 374, Активни 231
- Битола 16 696, Активни 389
- Прилеп 14 757, Активни 255
- Тетово 13 929, Активни 179
- Кавадарци 11 294, Активни 232
- Велес 10 281, Активни 172
- Гостивар 9 851, Активни 97
- Охрид 9 507, Активни 237
- Струмица 8 397, Активни 138
- Штип 8 360, Активни 98
- Кичево 5 836, Активни 71
- Кочани 5 253, Активни 48
- Струга 4 919, Активни 104
- Гевгелија 4 556, Активни 57
- Неготино 3 873, Активни 85
- Ресен 2 878, Активни75
- Свети Николе 2 693, Активни 16
- Радовиш 2 630, Активни 56
- Крива Паланка 2 514, Активни 46
- Делчево 2 014, Активни 3
- Дебар 1733, Активни 41
- Берово 1 728, Активни 20
- Валандово 1 537, Активни 21
- Виница 1 408, Активни 6
- Пробиштип 1 293, Активни 8
- Богданци 1 045, Активни 7
- Кратово 1 021, Активни 26
- Крушево 965, Активни 25
- Демир Хисар 878, Активни 28
- Македонски Брод 766, Активни 13
- Демир Капија 602, Активни 0
- Македонска Каменица 528, Активни 3
- Пехчево 491, Активни 4
- Дојран 362, Активни 4