Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022.

За ратифицикацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата.
На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава.
По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули годинава претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот.
Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина.