Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот за Ковид -19 и има „многу благи симптоми“, соопшти денеска Белата куќа.

„Бајден ќе се изолира во Белата куќа и ќе продолжи да ги извршува сите свои должности и ќе бидат известени неговите блиски контакти“,
додаваат од Белата куќа преку соопштение.
Од таму додаваат дека Бајден почнал да зема Паксловид (Paxlovid), антивирусен лек наменет да ја намали сериозноста на болеста.
Бајден (79) има зголемен ризик од болеста поради неговата возраст. Во соопштението на Белата куќа се вели дека тој е двојно вакциниран и има примено дополнителни две „бустер“ дози.