Босна и Херцеговина денеска официјално забрани влез за лица што доаѓаат од ризични земји каде е зголемен бројот на заразени со коронавирусот.
До граничната полиција на Босна и Херцеговина е упатена наредба да се забрани влез за лицата кои доаѓаат од Италија, Иран, Јужна Кореја и одредени делови на Кина, односно областа Хубеи и градот Вухан.
Одлуката стапи во сила откако директорот на граничната полиција на Босна и Херцеговина, Зоран Галиќ, доби службено барање од министерот за безбедност Фахрудин Радончиќ.
Во Босна и Херцеговина досега со коронавирус се заразени седум лица.
Вчера и владата на Србија вчера донесе одлука за привремена забрана за влез во Србија за странски државјани што доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронавирусот. Ова се однесува на лица што престојувале во Италија, одредени провинции во Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.