Најмалку илјада луѓе утрото се појавиле пред белградската Воено-медицинска академија (ВМА) исплашени дека можеби се заразени од коронавирусот, објавија српските медиуми.

Пациентите трпеливо и уредно чекаат пред влезот на болницата за да им биде земен брис.

Во Србија досега се потврдени 12 случаи на коронавирус.
