Министерката за здравство на Велика Британија, Надин Дорис, е позитивна на коронавирусот, јавува Би-би-си.
Дорис во изјава вели дека штом била известена ги презела сите мерки и совети на претпазливост и самостојно се изолирала во својот дом.
„Англискиот Центар за јавно здравје започна со детални истраги и контакти во мојот оддел, a мојата парламентарна канцеларија ги следи нивните совети“,
додава Дорис.
Државниот секретар за здравство Мет Ханкок на Твитер напиша дека министерката постапила добро со тоа што самостојно се изолирала и ѝ посака брзо закрепнување.
Досега во Обединетото Кралство починале шест лица како последица на овој вирус, а 382 лица се заразени.
Последниот смртен случај беше маж на возраст од 80 години.