Резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус, информира Министерството за здравство.
„Пациентката е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“,
велат од Министерството за здравство.
Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
„Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест. Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус“,
информира Министерството.
Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.
На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот.