Бугарското Министерството за надворешни работи вчера испратило покана до шефот на македонската дипломатија за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во согласност со членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Македонското МНР денеска потврди дека има покана за средба во Банско – биле понудени 3 датуми: 9,10 или 11 јули, но Бујар Османи ја одбил поради зафатеност во тој период .
„Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период министерот Османи ќе се фокусира на процесот во Собрание, а експертите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлај средба“,
информираат од македонското МНР.
Од соопштението произлегува дека одложувањето на средбата е поради фактот што на почетокот на идната седмица треба да се реши кога Собранието би расправало за францускиот предлог.
На состанокот во Банско, според соопштението на бугарското МНР, било планирано да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиот период и да се превземат мерки за подобрување на соработката во сите сектори.