Бројот на заразени од коронавирусот постојано расте. Денеска е достигната бројка од 114 илјади луѓе, од кои 4 000 не успеале да се справат со него и го загубиле животот. Италија е прогласена за црвена зона, а во Македонија од утре стапуваат засилени мерки за заштита, меѓу кои и прекин на воспитно-образовниот процес во градинките, училиштата и на факултетите.
Од ден на ден се појавуваат и нови начини на кои се следи развојот на коронавирусот, особено за оние што сакаат да имаат увид во состојбата.
Еден од тие начини е видеото на Јујуб кое во реално време ја следи ситуацијата и прикажува разни инфографици за коронавирусот. На него се презентираат податоци за бројот на заразени, починати и излечени луѓе, и тие се распоредени по земји.
Авторот на ова видео кое без престан се емитува од 30 јануари е од Северна Кореја, а податоците ги извлекува од националните центри за контрола на болеста ширум светот.