Поради коронавирусот Словенија, ги забранува слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави МИА од Љубљана.
Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширењето на вирусот.
Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние што се карго, носат пошта или аеродромите во Словенија има се бази, за нив нема да важи забраната.
Инаку, претставници на концесионерот на аеродромот „Брник“ крај Љубљана, соопштија дека почнуваат да ги спроведуваат наредбите на Советот за национална безбедност и со термални камери ќе се проверуваат сите патници.