Вечерва и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата
За денеска од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар против францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.
Вечерва и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата.
Вчерашниот шести по ред протест се одвиваше мирно на кој говорниците пред Собранието како и во изминатите денови од протестот побараа оставки од Владата и отфрлање на предлогот.
Претходно Владата го проследи предлогот до Собранието.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот оцени дека „Владата се плаши самата да донесе одлука и тежиштето го префрла во Парламентот“, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.