Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, вели претседателот на Собранието кој објави видеа од настанатите штети во собраниската зграда

Оштетени прозорците и фасади на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи, се дел од билансот од синоќешните протести пред овие институции против францускиот предлог.
Парчиња стакло од искршените прозорци, бекатон плочки и шишиња по подот е она што може да се забележи во дел од собраниските простории по синоќешниот протест против францускиот предлог кој заврши пред зградата на Собранието во центарот на Скопје.
Штети има и на објектите на Владата и Министерството за надворешни работи.
За тоа каква ситуација утрово затекнале вработените во парламентот во дел од просториите, утрово видеа на социјалните мрежи објави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој го и осуди насилството и хулиганството.
„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“,
напиша Џафери во објавата.
На синоќешните протести имаше 11 приведени од кои две малолетни лица. Беа повредени 47 полицајци, а од нив 11 потешко, додека двајца со сериозни повреди кои се хоспитализирани на Клиниката за неврохирургија.
*Поврзани вести:
(ФОТО+ВИДЕО) Ескалација на денешниот протест против францускиот предлог